
Во Министерството за спорт се одржа првиот работен состанок на Меѓуресорската група за подготовка на Националната стратегија за развој на спортот (2026-2030). На состанокот присуствуваа државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, Тања Блажевска – раководител на Одделение за оперативно – аналитички работи во Сектор спорт и координатор на работната група, Игорче Кузмановски – раководител на Одделение за развој и унапредување на спортскиот систем, членови и заменици членови претставници на повеќе институции кои се вклучени во подготовката на Стратегијата – Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија, Министерство за образование и наука, Министерство за култура и туризам, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за транспорт како и преставници од Државното правобранителство.
На првата работна средба беше истакната важноста на овој стратешки документ за развојот на спортот како еден од националните приоритети на Владата на Република Македонија.
-Спортот е специфична сфера која директно или индиректно е поврзана со многу други области. Изготвувањето на Националната стратегија за развој на спортот е комплексен процес во кој ќе бидат вклучени сите релевантни страни – државни институции, национални спортски федерации, универзитетски професори и други стручни лица од областа на спортот кои верувам ќе дадат голем придонес во изготвувањето на овој стратешки докумен во предвидениот рок – рече државниот секретар Сашо Огњеновски.

Македонски




