
Полскиот тенисер Камил Мајхшак се пласираше во второто коло од Мастерсот во Индијан Велс, откако го победи синоќа Французинот Џовани Мпечи Перикар со 6:3, 1:6, 7:5 по три сета.
Мајхшак (АТП – 57) го победи 54-от играч на АТП листата по еден час и 47 минути.
Во второто коло, Мајхшак ќе игра против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Мајхшак е закажан за в сабота

Македонски

