Skip to main content

Ноле против Хуркач за стотта титула во кариерата

Србинот Новак Ѓоковиќ стана финалист на турнирот во Женева.

Шестиот тенисер во светот денес го победи Британецот Камерон Нори во полуфиналето со резултат 6:4, 6:7 (6:8), 6:1. 

Мечот траеше 2 часа и 15 минути. Во вториот сет, Ѓоковиќ се врати од сет-поен на 3:5, но загуби во тај-брејкот.

Србинот стигна до своето второ АТП финале во 2025 година, губејќи од Чехот Јакуб Меншик во финалето на Мастерсот во Мајами во март.

Во финалето на турнирот во Швајцарија, Ѓоковиќ ќе игра против Полјакот Хуберт Хуркач. Победата би можела да му ја донесе на Србинот 100-тата титула во кариерата

Поврзани вести