
Рафаел Надал и неговата сопруга, Мери Перело, станале родители по втор пат, објавија шпанските медиуми.
Мери се породила на 7 август и родила син, а момчето наводно го добило името Микел по нејзиниот татко, кој починал во 2023 година.
Како што објавија шпанските медиуми, породувањето поминало добро, а мајката и бебето ја напуштиле болницата и се дома.
Двојката, која е во врска уште од тинејџерските денови, го доби своето прво дете во октомври 2022 година. Тие се венчаа во 2019 година, по повеќе од 14 години врска. Двојката го кажа своето судбоносно „Да“ пред околу 250 гости на церемонија на отворено одржана во Са Форталеза, замок од 17 век во северна Мајорка.