
Женската репрезентација на Македонија претрпе нов пораз во Ларнака во рамките на Втората Евроафриканска зона од Били Џин Кинг Купот.
Поуспешни од македонските тенисерки беа претставничките на Египет кои остварија победа од 3:0 во групата за разигрување од 4-6.место.
Конечниот исход во дуелот можеше да има и поинаков епилог да не дојдеше до повреда на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, која го предаде мечот на ривалката Ламис Алхусеин Абдел Азиз. Во моментот на прекин Ѓорческа водеше со 1-0 во сетови (6-3) и губеше во вториот со 1-4. Тоа практично беше и втора победа за Египет во сингл мечевите.
Во првиот сингл меч Магдалена Стоилковска имаше одличен старт и првиот сет го доби без загубен гем – 6:0 за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет нејзината противничка Хана Хосам Салах усепа да изедначи и сетот го освои со 6:3 во гемови, додека во решавачкиот беше 6:0 во гемови за Салах.
Во игра на двојки кога веќе беше познат победникот за Македонија настапија Јана Божиновска и Ана Митевска, кои беа поразени со 2-0 во сетови (6-2 6-2) од Амира Мохамед Бадви и Ламис Алхусеин Абдел Азиз.
Македонија утре е слободна, а во сабота ќе игра против домаќинот Кипар