Skip to main content

Ѓорческа „тргна“ со победа на турнирот во Порто

По настапот во квалификациите на Австралија Опен најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучрс турнирот во Порто што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло ја совлада Ралука Шербан од Кипар со 2:0 во сетови (64 64). Ова беше трета победа за Лина Ѓорческа во последните три меча против Шербан.

Во првиот сет двете тенисерки на почетокот имаа проблем со освојување на гем на свој сервис и Ѓорческа прва успеа и со тоа поведе со 4:2, а веднаш потоа го освои и следниот гем. Сепак ривалката намали на 5:4, но македонската тенисерка го доби десеттиот гем и поведе со 1:0 во сетови. Во вториот сет ривалката имаше предност од 4:2 во гемови, но Ѓорческа со серија од четири гема го доби сетот со 6:4, а со тоа и мечот со 2:0 во сетови.

Во следната рунда Ѓорческа ќе игра против победничката од мечот Настасја Шунк (Германија) – Ајла Аксу (Турција).

Поврзани вести