Skip to main content

Ѓоковиќ оддаде почит на шеснаесеттата жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад

Познатиот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, им оддаде почит на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

„Молитви за 16“, напиша Новак Ѓоковиќ пред камерата откако го победи Новозеланѓанецот Ринки Хиџиката на турнирот во Мајами.

Да потсетиме дека 16 лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Несреќата се случи на 1 ноември 2024 година околу 11:52 часот кога бетонска покривка на главната железничка станица во Нови Сад се урна на тротоарот. Првично имаше 15 загинати, но v;era почина и 18-годишен тинејџер кој беше меѓу тројцата извлечени од урнатините, кој стана 16-та жртва на оваа трагедија.

Тинејџерот, според извештајот на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, починал како последица на тешки повреди и компликации и покрај сите напори на лекарите.

Поврзани вести