Skip to main content

Ѓоковиќ испадна уште во првото коло на УС Опен: Целото тело почнува да ми се распаѓа

Новак Ѓоковиќ шокантно загуби во 1. коло на Отвореното првенство на САД од Аргентинецот Навоне.
Мислам дека беше очигледно дека се чувствував ужасно на теренот. За жал, се мачам со тоа повеќе или помалку во секој натпревар оваа година.

Повраќам… Тоа е сериозен проблем. После тоа, целото тело почнува да ми се распаѓа, грчеви, болки… Грбот на крајот ми се откажа, како и рамото.

Не можев да ја завршам работата.

Имав брејк во четвртиот сет, но се мачев од четвртиот гем од натпреварот. Не сакам да му ги одземам заслугите, се бореше, тој е фин човек, борец, но не уживав…

Поврзани вести