
Новак Ѓоковиќ ја продолжи серијата победи на турнирот во Пекинг. Тој денеска го совлада домашниот тенисер Јунчаокете Бу со 2-1 во сетови (4:6; 7:6(2) и 6:2) за нешто помалку од три часа игра. Ова беше 31.ва победа на Ѓоковиќ на овој турнир на кој нема пораз.
Тој во следната рунда (четвртфинале) ќе го има и најголемиот предизвик бидејќи потенцијален ривал би можело да му биде првиот носител Александер Зверев.
Тенисерот од Кина, Бу го доби првиот сет, но во вториот сет Ѓоковиќ беше поуспешен во тај-брејкот и го противникот не дојде во прилика да има меч топка. Во решавачкиот сет српскиот тенисер поведе со 4:0 во гемови и ја најави победата.

Македонски


