
Новак Ѓоковиќ беше поразен на стартот на турнирот во Доха од Матео Беретини, но нема да го напушти Катар. Тој утре се враќа на теренот, но во двојки.
Српскиот ас ќе се обиде некако да го подобри впечатокот во двојки со Шпанецот Фернандо Вердаско.
Ѓоковиќ не пропушти да го пофали Беретини, но ја објасни и причината за поразот во раната фаза на турнирот.
Беретини одигра перфектен меч. Неговиот сервис беше исклучително силен и прецизен, со висок процент од прв удар. Немав многу шанси на негов сервис, особено во вториот сет. Во првиот сет имав две брејк топки, но тој секогаш го наоѓаше првиот сервис и беше многу агресивен, играше тактички паметно, изјави Ѓоковиќ.