Skip to main content

Србија остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Србија ќе биде без помошта од селекторот Вељко Пауновиќ на следниот натпревар против Германија од Лигата на Нациите на домашен терен на 13.ноември. Пауновиќ на вчерашниот дуел со Холандија во Ајндховен доби жолт картон во 83.минута, а претходно истата опомена ја имаше добиено и на дуелот со Германија.

Тој смета дека опомената на дуелот со Холандија е недоразбирање, бидејќи тој се обраќал на своите играчи, а не до судијата.

–  Судијата погрешно ја разбра постапката и ми покажа жолт картон, објасни Пауновиќ.

Српскиот селектор според неговото видување реагирал и барал неговите играчи да ја продолжат акцијата и да ја освојат топката. Тој ја соблече и ја фрли тренерката.

Поврзани вести