Skip to main content

Двоен триумф на Сара Митевска во Панчево

Фото: МТФТ

Одличните игри на претходниот турнир во Нови Сад младата македонска тенисерка Сара Митевска ги продолжи и на турнирот во Панчево за играчи до 16 години, кој е од категорија 2. Сара на турнирот што заврши денес го заврши со двоен триумф, по освојувањето на титулата во конкуренција на двојки вчера ја додаде и титулата во поединечна конкуренција.

Во петте меча со финалето македонската тенисерка загуби само десет гема.

Во финалето Митевска ја совлада Камила Олга Кастрачани од Италија со 2-0 во сетови (6-0 6-2), додека во полуфиналето беше убедлива против првата носителка Ена Илиќ од Србија која ја победи со 2-0 (6-1 6-2). Во првото коло Сара (која беше рангирана како четврта носителка) ја надигра Дуња Милиќ и мечот го доби без загубен гем 2-0 (6-0 6-0), потоа ја победи од Драгица Стевановиќ со 2-0 (6-3 6-1) и во четвртфиналето загуби само еден гем во мечот со Ива Колев 2-0 (6-1 6-0).

Во конкуренција на двојки со Нина Тепиќ од Србија во финалето во неизвесен меч ги победија Камила Олга Кастрачани и Елена Пападопулу од Бугарија со 2-1 во сетови (6-2 4-6 и 10-8 на поени).