
Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Опатија, откако попладнево го совлада вториот носител Зденек Колар од Чешка со 2-0 во сетови (6-3, 7-6).
Откако поведе со 1-0 во сетови, Ивановски во вториот сет надомести негатива од два гема (1-3, 2-4), а во тајбрејкот при водство ан противникот од 4-2, нанижа пет поени во серија и обезбеди место меѓу четирите најдобри тенисери.
Противник на Ивановски во утрешното полуфинале ќе му биде сонародникот на Колар, Михаил Врбенски, кој е трет носител.
Фјучерсот во Опатија се игра за награден фонд од 15.000 долари