Skip to main content

Запознајте го Шредер, најдобриотт играч на Евробаскетот

– Германскиот репрезентативец Денис Шредер е прогласен за најкорисен играч на Европското кошаркарско првенство 2025.

За време на турнирот, 31-годишниот Шредер одигра осум натпревари, постигнувајќи во просек 20,9 поени, 3,5 скока, 6,6 асистенции и 0,8 украдени топки.

Во финалето на Евробаскет 2025, Германците синоќа во Рига ја победија турската репрезентација со резултат од 88:83.

Германија втор пат стана европски шампион, додека Турција пропушти шанса за прв пат да се искачи на тронот