Skip to main content

Стојановска: Како екипа треба да го дадеме максимумот

Женската македонска кошаркарска репрезентација од вчера е во Копенхаген, каде утре (среда) со почеток од 18:30 часот го игра го играат четвртиот натпревар од квалификациите за Евробаскет 2027 година, против селекцијата на Данска. Во Скопје во првиот дуел нашата репрезентација победи со 79:78.

Но, составот сега е изменет ќе недостасуваат неколку кошаркарки пред сè капитенот Анџелика Митрашиновиќ, која се повлече од активното играње на кошарка.

Сега најискусна во овој состав е Александра Стојановска.

–  Очекувањата, нормално, не може да бидат како претходните. Во моментов се случува голема промена во националниот тим. Доаѓаат доста млади играчи, промената во играчкиот ростер е доста голема. Имаме т.н. „пензионирање“ на нашиот најдобар играч, Анџелика Митрашиновиќ, што драстично ја менува улогата на плејмејкерот во тимот. Како екипа треба да го дадеме максимумот како и секогаш, и да им покажеме на тие млади играчи како се бори и како се сака репрезентацијата. Дали ќе успееме да оствариме победа, останува да видиме, изјави Стојановска, која најверојатно ќе ја преземе капитенската лента.

По првиот „прозорец“ на ФИБА во квалификациите македонската репрезентација по трите натпревари постигна една победа (Данска) и два пораза (Грција и Хрватска). По дуелот со Данска за македонската репрезентација следува гостување кај Грција (14. март) и домашниот натпревар со Хрватска (17. март). 

Поврзани вести