Skip to main content
Gp4aubo06vw

Нова магија на Јокиќ

Токму кога ќе помислиме дека сме виделе сè од него, популарниот „Џокер“ повторно наоѓа начин да нè остави без зборови.

Денвер убедливо го победи Њу Орлеанс со 122:88 а централна фигура на натпреварот беше српскиот ас Никола Јокиќ, кој блеска од почетокот на сезоната.
Toj го запиша својот четврти последователен трипл-дабл. Тој запиша 21 поен (10/15 од поле, 1/2 од три), 12 скока и 10 асистенции со две украдени топки.

Она што е особено импресивно во целата приказна – сето ова го направи во првите три четвртини! Последната ја гледаше мирно од клупата.

Поврзани вести