
Кошаркарите на Црвена Звезда го победија Монако со 91:79 во натпреварот од 11-то коло од Евролигата.
И покрај тоа што беа значително ослабени, избраниците на Саша Обрадовиќ одиграа феноменален натпревар и ги кренаа на нозе избраниците на Василис Спанулис.
Огњен Добриќ со 22 и Џаред Батлер со 20 поени беа најзаслужни за триумфот на црвено-белиот тим. По нив следуваа Оѓелеј со 14, Милер-МекИнтајр со 12 и десет асистенции, а Калиниќ постигна 11 поени.

Македонски








