Skip to main content

Верувале или не: Aталанта е главен фаворит за освојување на Скудетото

Претседателот на Интер, Џузепе Марота го сподели своето мислење за кандидатите за триумф во италијанското фудбалско првенство во сезоната 2024/25.

– Денес сме речиси на крајот од првиот дел и фаворитите се секогаш исти. Има мала група на врвот составена од Аталанта, Интер и Наполи, но Милан и Јувентус се спремни да ги фатат, така што навистина сме во средна фаза. Од друга страна, мислам дека еден од главните фаворити годинава е Аталанта затоа што постигнаа зрелост, авторитет, убедување каков што досега немале. Мислам дека ова е одличен модел за следење, се разбира не за големите клубови бидејќи е тешко, но тие покажаа дека може да се победува без да се потрошат многу пари, изјави Марота за веб-страницата на Џанлука ди Марцио.

Првото место во Серија А по 17 кола го зазема Аталанта која освои 40 бода. На второ место е Наполи (38), трето е Интер (37)

Поврзани вести