
удбалерите на Вардар остварија победа од 2:1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров во еден од двата денешни дуели од 16.коло од Првата фудбалска лига. „Црвено-црните“ до тримфот стигнаа со пресврт откако домашниот тим со голот на Риаскос Еступинан поведоа во 53.минута. Головите за победа за Вардар ги постигна капитенот Азер Омерагиќ во 62.та и 66.та минута.
На дуелот во Кавадарци Струга Трим Лум со голот на Метериза Хамза во 36.минута го совлада домаќинот Тиквеш со 1:0.

Со победите Вардар и Струга ТЛ ќе бидат на првите две места на табелата на крајот од есенскиот дел.
Вардар остана лидер со 42 бода, еден повеќе од Струга.

Последното коло од есенскиот дел ќе биде комплетирано со одигрувањето на четирите дуели во следните три дена

Македонски







