Skip to main content
Прва фудбалска лига

Убедливи победи за Вардар и Работнички

Во двата завршни натпревари од 6. коло во Првата фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар го совлада Арсими на гостински терен со 4-1 и се израмни бодовно на врвот на табелата со Струга, додека Работнички дојде до првата победа оваа сезона триумфирајќи на домашен терен противПелистер со 3-0.

Вардар ја обезбеди петтата прволигашка победа со головите на Мато (10, 35, 47) и Матиќ (29), додека почесниот гол за Арсими го постигна Рамадани (72)

По стартното реми и серијата од три порази, Работнички дојде до премиерниот триумф со головите Кадриу (31, 75) и Трајков (43). ег

ПМФЛ: 6 коло

Арсими – Вардар 1-4

Работнички – Пелистер 3-0

Струга – Шкендија 1-1 (среда)

Тиквеш – Шкупи 1-0 (среда)

Башкими – Силекс 2-1 (вторник)

Македонија ЃП – АП Брера 2-0 (вторник)

Табела: Струга 16, Вардар 16, Силекс 15, Шкендија 11 (-1), Башкими 10, Македонија ЃП 6, Пелистер 6, Арсими 5, Тиквеш 5, АП Брера 5, Работнички 4, Шкупи 0.

Поврзани вести