
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за иднината на фудбалерот од средниот ред Кевин Де Брујне, чиј договор истекува ова лето.
– Ова прашање се однесува на клубот, Кевин и неговиот агент. Тоа е прашање меѓу клубот и Кевин. На позицијата на која сум, се грижам за тимот и да ја завршиме сезоната на најдобрата можна позиција. Мораме да размислиме што е најдобро за клубот во ФА Купот, Премиер лигата и Светското клупско првенство, изјави Гвардиола за „Sky Sports“.
Триесет и тригодишниот Белгиец оваа сезона одигра 30 натпревари за Манчестер сити во сите натпреварувања и постигна четири гола и седум асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 27 милиони евра.