Skip to main content

Teн Хаг најде работа во Леверкузен

 Новиот тренер на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг ги сподели своите емоции по неговото назначување во бундеслигашот.

Баер договори соработка со 55-годишниот фудбалски стручњак со важност до летото 2027 година.

– Баер Леверкузен е еден од најдобрите клубови во Германија и исто така е дел од пошироката европска елита. Клубот нуди одлични услови, преговорите со управата ми оставија одличен впечаток. Дојдов во Леверкузен за да ги потврдам амбициите на клубот, кои пораснаа во последните години. Возбудлива цел е да се создаде нешто заедно во овој период на промени, изјави Тен Хаг.

Последната работа на Холанѓанецот беше во Манчестер јунајтед, кој го напушти во октомври 2024 година. 

Тен Хаг го замени Чаби Алонсо како главен тренер на Баер, кој замина да го води Реал Мадрид

Поврзани вести