Skip to main content

Стотина приведени и над 20 повредени: Навивачи на Црвена звезда и Хајдук се начекаа во БиХ

djordje-nikolic-from-pixabay

Десетици фудбалски навивачи на белградска Црвена звезда и сплитски Хајдук биле вклучени во тепачка што се случила во близина на меѓународниот аеродром во Тузла, при што се повредени 23 лица, вклучувајќи и еден полицаец.

Според полицискиот извештај, до судирот дошло кратко по 21 часот в сабота. Локалната полиција реагирала брзо, а на местото на настанот биле испратени неколку патроли и специјални екипи. Полицијата уапсила 93 лица, кои биле идентификувани како членови на навивачките групи на Црвена звезда (Делии) и Хајдук (Торцида). Полицијата наведе дека ниту едно од нив не е од областа на Тузланскиот округ.

Според извештаите на медиумите, навивачите на Црвена звезда се враќале од Шведска, каде што нивниот тим играше натпревар против Малме во Лига на Европа. По слетувањето на аеродромот во Тузла, биле нападнати од членови на Торцида, кои наводно организирале пресметка. Оштетени се и неколку возила.

Поврзани вести