Skip to main content

Српски фудбалер го прегази воз

Фудбалерот ГСП Полет Дорчол, Игор Миловановиќ (23) загина денеска во Велики Борк, кога на него налетал воз.
Трагичната несреќа се случила рано утрово во близина на Бараево.

Дефанзивниот играч од средниот ред прво излетал од патот и се превртел во близина на железничката пруга, за да помине неколку часа во автомобилот, пред воз да налета на него и да го убие. Околностите на трагедијата ќе бидат попрецизно утврдени дури по обдукцијата.

Поврзани вести