
Во воведникот натпревар од 14 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Силекс попладнево на гостувањето во Скопје ја совлада Македонија ЃП со 2-1.
Кратовскиот прволигаш дојде во водство во 15 минута со голот на Мирчевски, а Донов во 27 минута го зголеми водството на 2-0. Конечниот резултат го постигна Пецов во 32 минута.
Силекс е четвртопласиран на табелата со 28 бодови, додека Македонија ЃП остана на осмото место со 14 бодови.

Утре на програмата се натпреварите во Струмица меѓу АП Брера и Вардар, додека Шкупи во Струга го пречекува Пелистер.
В недела, Тиквеш е домаќин на Башкими, додека Арсими ја пречекува Шкендија прволигашкото коло ќе биде комплетирано в понеделникот со дуелот меѓу Работнички и

Македонски








