
Шкендија води со 1:0 на „Градски“ во Скопје против Слован Братислава во натпревар од петтоото коло во Конференциската лига на УЕФА.
Тетовските „црвено-црни“ поведоа со гол од корнер во 31 минута.
По нафрлувањето на Бесарт Ибраими, гостинскиот дефанзивец, Кенан Бајриќ се обиде со глава да ја избие топката од сопствениот шеснаесетник, но само ја испрати крај левата статива од сопствениот гол.

Македонски







