Skip to main content

Салах е пресреќен за првата победа на СП

 Египетскиот фудбалски репрезентативец, Мохамед Салах, ги сподели своите емоции по победата над Нов Зеланд остварена ноќеска со 3:1 во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година.

– Неверојатно е. Не знам како да го опишам чувството со зборови. Ова е големо достигнување за сите играчи, за тренерскиот персонал, па се надевам дека ќе можеме да продолжиме вака во групата, да направиме историја и да ја поминеме групата. Ова ќе се памети како едно од најголемите достигнувања во историјата на египетскиот фудбал. Мора да уживаме денес, да уживаме утре, а потоа да се фокусираме на следниот натпревар, изјави 34-годишниот Салах за веб-страницата на ФИФА.

Египет ја обезбеди својата прва победа на еден фудбалски Мундијал. 

Со четири бода од два натпревари Египет е лидер во групата Г, Иран и Белгија имаат по два бода, последен е Нов Зеланд со еден освоен бод.

Во последното коло од групната фаза на 27 јуни Египет ќе игра против Иран, додека Нов Зеланд ќе се соочи со Белгија.

Поврзани вести