
Во интервју за британскиот телевизиски канал „Скај“, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, истакна дека Светската фудбалска федерација треба да размисли за укинување на забраната за руските тимови да настапуваат во меѓународните натпреварувања.
Инфантино ги доведе во прашање придобивките од воведените санкции кон рускиот фудбал.
Дали треба да размислиме за укинување на санкциите против руските тимови? Дефинитивно треба. Бидејќи оваа забрана не постигна ништо – само создаде поголемо разочарување и омраза“, рече Инфантино.
Претседателот на ФИФА додаде дека раководството тело на светскиот фудбал треба да размисли за промена на правилата и да вклучи клаузула дека националните тимови никогаш не треба да бидат отстранети од турнирите од политички причини.
Руските клубови и национални тимови имаат забрана за настап во натпреварувањата во организација на ФИФА и на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) од февруари 2022 година поради војната во Украина.

Македонски



