
Минатогодишниот шампион во Лигата на шапионите, Реал Мадрид, објави јавна честитка за ПСЖ, кој ги наследува „кралевите“ на европсиот фудбалски трон.
Во честитката, Реал Мадрид упатува зборови и за тренерот на парижаните Луис Енрике, кој како поранешен фудбалер кој од Реал Мадрид премина во Барселона, а подоцна стана вистинска играчка и тренерска легенда на каталонскиот клуб. Поради тоа, Енрике долго време имаше комплициран однос со мадридскиот клуб.
Посебно место во честитката, Реал Мадрид одвои за изразува почит кон ќерката на Луис Енрике, Ксана, која почина во 2019 година.
Честитки до ПСЖ и нивните навивачи за заслужената победа во Лигата на шампионите во сезоната 2024-2025. И наши посебни честитки до нашиот сакан Луис Енрике, со искрена и нежна почит кон неговата ќерка Ксана“, се вели во честитката на Реал Мадрид.
Enhorabuena al @PSG_inside y a su afición por su merecida Champions League 2024-2025. Y nuestra felicitación más especial para nuestro querido Luis Enrique, con un emocionado y cariñoso recuerdo para su hija Xana.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 1, 2025