Skip to main content

Oмилен пејач на тренерот на Звезда е нашиот Тоше

Тренерот на Црвена Звезда Владан Милојевиќ истакна дека му е драго што по 30 години Црвена Звезда повторно да се појави на стадионот кој го носи името на неговиот омилен пејач Тоше Проески…

„Меч со многу емоции, со многу специфичности поради што сакам да им се заблагодарам на сите навивачи кои дојдоа вечерва на арената, пред се да ги поздравам навивачите на Вардар кои создадоа една убава атмосфера со поддршка за својот тим во текот на целиот натпревар, како и нашите навивачи кои се секогаш со нас. Резултатот на натпреварот секако беше во втор план, но ете сепак ние сме Црвена Звезда и сакаме да одиме на победа на секој меч. Искрено се надевам дека во следна прилика ќе одиграме повторно натпревар со Вардар, но овој пат по некој далеку поубав повод“.

Поврзани вести