Skip to main content

Одигра само 14 натпревари: Челзи сака да се отараси од Фофана

pixabay
pixabay

Лондонски Челзи е подготвен да се раздели со Весли Фофана во текот на летото, објави „Футмеркато“. Олимпик Марсеј покажува интерес за францускиот дефанзивец.

Фофана одигра само 14 натпревари за „сините“ во сите натпреварувања откако пристигна во клубот во летото 2023 година, а серијата повреди сериозно ги ограничија неговите настапи за тимот.

И самиот играч размислува да го напушти „Стемфорд Бриџ“ по завршувањето на тековната сезона и да се врати во својата татковина.

Марсеј се подготвува да упати официјална понуда до Челзи, а „сините“ сè уште не се одлучиле дали да го продадат Фофана или да го позајмат на една година.