Skip to main content

Навивачите на Борусија се жалат: Хрватските редари нѐ фаќаа за гениталиите

На натпреварот меѓу Динамо и Дортмунд пристигнаа голем број германски навивачи. По натпреварот тие се обратија до раководството на својот клуб и дадоа забелешки за домаќините.

Германците се жалат дека при влезот на јужната трибина на стаионот „Максимир“ редарите наводно ги пипкале во интимните делови. Затоа поднеле жалба до европската куќа на фудбалот, односно УЕФА, пишуваат хрватските медиуми.

Во однос на овие информаии клубот од Дортмунд се огласи со соопштение.

Добивме бројни поплаки за однесувањето на полицијата и обезбедувањето, кои го утврдуваа идентитетот на лицата. Го осудуваме овој метод на контрола и сме во контакт со УЕФА и Динамо Загреб за детална истрага за овој инцидент – соопштија од германскиот клуб.

Поврзани вести