Skip to main content

На Тудор му се изброени деновите во Лондон

 Раководството на Тотенхем размислува да го назначи поранешниот тренер на Монако, Ади Хутер, доколку привремениот менаџер Игор Тудур биде отпуштен, објави „Дејли Телеграф“.

На 22 март, Спарс загубија од Нотингем Форест, што дополнително ја комплицира нивната борба за останување во Премиер лигата. 

Тудор отсуствуваше од прес-конференцијата по натпреварот поради смртен случај во семејството.

Тотенхем има време да донесе одлука. Нивниот следен натпревар е дури на 12 април поради паузата за репрезентативни натпревари.

Педесет и шестгодишниот Австриец, Хутер, помина 18 месеци во Монако, водејќи ги до второто место во Лига 1 во неговата единствена целосна сезона на чело. Во неговата кариера работеше и во Борусија Менхенгладбах, Ајнтрахт Франкфурт, Јанг Бојс, Гредиг и Алтах

Поврзани вести