Skip to main content

Манчестер Јунајтед почна да гледа кон Лигата на шампионите

 Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, го сподели своето мислење за значењето на победата од 1:0 над Челзи во 33. коло од Премиер лигата.

– Фантастично чувство е. Требаше да се вратиме од заостанувањето – не само поради последниот натпревар против Лидс, туку затоа што имавме два натпревари пред тоа каде што не успеавме да победиме. Сепак, знаевме дека мора да прикажеме квалитетен настап бидејќи Челзи е многу силен тим. Оваа победа е многу важна за нас, бидејќи нашата цел е да завршиме меѓу првите четири екипи, а Челзи се најблиску до првите пет. Треба да се одвоиме од нив. Навистина ни беше потребна оваа победа, изјави Фернандеш за „TNT Sports“.

Манчестер јунајтед има 58 бода и е трет на табелата во Премиер лигата. Челзи го претрпе четвртиот последователен пораз е шести со 48 бода

Поврзани вести