Skip to main content
Нашите фудбалери гостуваат против Казахстан

Македонија води на полувреме, во моментов сме први во својата квалификациска група

Во релативно изедначен натпревар, македонската фудбалска репрезентација води на полувреме на гостувањето во Казахстан.

Стрелец на единствениот гол во првиот дел од средбата беше Александар Трајковски, кој ја затресе домашната мрежа во 33 минута.

Македонија на оваа средба игра со доста изменет состав во однос на дуелот со Белгија, а одредени проблеми за нашите фудбалери предизвикува тоа што играат на терен од вештачка трева, нешто на што не се навикнати.

Со ова водство и трите бодови што би ни го донело доколку остане така до крајот, Македонија привремено ќе го преземе првото место во групата в која се и репрезентациите на Белгија, Велс и Лихтеннштајн.

Поврзани вести