
Македонската репрезентација во футсал победнички ги стартуваше квалификациите за пласман на Светското првенство, откако попладнево ја совладаа Бугарија со 4-1 во воведното коло од прелиминарнара фаза.
До стартната победа на квалификацискиот турнир што се игра во Литванија, избраниците на селекторот Газменд Хисејини дојдоа со головите на Крстевски (2), Рамадани (9, 40) и Петровски (39). Почесниот гол за Бугарија го постигна Бахаров (22).
Македонските футсалци утре во рамки на второто коло ќе играат против Турција, а в недела против домаќинот Литванија.
Пласман во главната рунда од мундијалските квалификации ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во групата

Македонски


