Skip to main content

Лос Анџелес и Клуб Америка ќе разигруваат за последното место на Светското клупско првенство

Facebook FIFA
Facebook FIFA

Американски Лос Анџелес и мексикански Клуб Америка ќе играат плејоф натпревар на 31 мај на стадионот БМО во Лос Анџелес за последното слободно место на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули.

Ваквата одлука доаѓа откако мексиканскиот клуб Леон не може да учествува на Светското клупско првенство бидејќи има ист сопственик како и мексиканска, Пачука, која, исто така, е учесник на турнирот.

Леон, Пачука и костариканскиот тим Алахуеленсе поднесоа жалба против одлуката на ФИФА до Спортскиот арбитражен суд во Лозана, кој ја отфрли нивната жалба.

Победникот од плејофот во Лос Анџелес ќе игра во групата Д во која се Челзи, Фламенго и Есперанза Тунис. 

Поврзани вести