Skip to main content

Ливерпул се враќа во форма, го победи Тотенхем на гости

Ливерпул победи со 2:1 на гости против Тотенхем вечерва во 17. коло од англиската Премиер лига.

Во 56. минута, Александар Исак им донесе водство на гостите, а 10 минути подоцна, Хуго Екитике го зголеми водството на „Црвените“. Ричарлисон го постигна единствениот гол за домаќините во 83. минута.

Тотенхем остана со 10 фудбалери во 33. минута откако Чави Симонс доби директен црвен картон по стартот врз дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Во судиското продолжение, Кристијан Габриел Ромеро доби втор жолт картон за неспортско однесување, а Тотенхем го одигра остатокот од натпреварот со девет играчи.

Ливерпул освои 29 бода и се искачи на петтото место на табелата во Премиер лигата. Тимот е непоразен во последните шест натпревари во сите натпреварувања.

Тотенхем останува на 13. место во англиската Премиер лига со 22 бода.

Поврзани вести