Skip to main content

Легендата Шмајхел смета дека голот на Вест Хем не требало да биде поништен

 Дуелот на Вест Хем и Арсенал, кој заврши со победа на лидерот Арсенал со 1:0 и пред сè поништениот гол на Вест Хем во судиското надополнување на вториот дел привлекува сè уште внимание. Со свој коментар се јави и поранешниот голман Питер Шамјхел, кој е често и стручен коментатор за британските тв канали.

–  Не знам зошто е фаул, кога Арсенал тоа го прави во текот на целата сезона, беше првиот осврт на Шмајхел.

Потоа дополнително анализира за фаулот над голманот Раја, ВАР снимката се прегледуваше околу пет минути и судијата Дарен Ингланд да го поништи голот на Калум Вилсон.

–  Колку подолго трае проверката само по себе нуди сомнеж и можеби не немало фаул. Арсенал тешко дека ќе беше лидер на Премиер лигата да не ги постигнуваше головите од прекини. На тој начин стигнуваа до многу бодови – блокирајќи ги противничките играчи. Не разбира зошто е сега фаул, а во текот на целата сезона за многу екипи (против Арсенал) не беше. Сметам дека одлуката беше погрешна, смета легендарниот дански голман.