Skip to main content

Легендарниот Андон Дончевски со емотивно писмо се збогуваше од Рингов

Вчера почина иконата на Вардар, Васил Рингов, а од него со емотивно писмо се збогува и Андон Дончевски кој му беше тренер.

Писмо од Андон Дончевски:

Васил Рингов за мене секогаш ќе биде повеќе од големо фудбалско име. Имавме среќа да соработуваме заедно јас како тренер, а он како капитен во време кога апсолутно доминиравме низ цела Југославија. Можевме да го гледаме на терен мирен и сигурен, а во исто време решителен и храбар со застрашувачки удар и многу прецизен центаршут.

Се сеќавам на денот кога дојде од Тетекс и на првите подготовки во Крушево, додека бевме во Втора лига. Уште тогаш се гледаше дека станува збор за фудбалер од посебен калибар кој ќе го преземи товарот за да го вратиме Вардар онаму каде и заслужува да биде. Верував дека тој го постигна еден од најважните голови за Вaрдар – иако чудно, со глава – гол што значеше многу повеќе од резултат.
Таквите моменти не се забораваат. Таквите луѓе не се заменуваат.

Почивај во мир, Василе. Чест беше да соработуваме, гледаме и да те паметиме.

Вечна ти слава“, напиша Дончевски.

Поврзани вести