Skip to main content

Инзаги пресреќен по победата над Сити

Италијанскиот стратег на клупата на саудиски Ал Хилал, Симоне Инзаги, ја спореди победата на својот тим од 4-3 над Манчестер Сити во осминафиналето на Светското клупско првенство со искачување на Монт Еверест без кислород.
„Клучот за овој резултат се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед имајќи ја предвид на Манчестер Сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме“, изјави Инзаги.


„Сите играчи беа исклучителни и во поседот на топката и без неа. Бевме многу добро организирани и технички игравме многу добро против многу агресивен тим. Според мене, Гвардиола е најдобриот тренер во светот, но ние го заслуживме овој резултат“, додаде Инзаги.


Од друга страна, тренерот на Сити, Гвардиола, беше разочаран по сензационалната елиминација.
„Сакавме да го продолжиме својот настап на Светското клупско првенство, но сега се враќаме дома и време е да се одмориме и освежиме за да бидеме подготвени за следната сезона“, рече Гвардиола.
Ал Хилал во четвртфиналето на Светското клупско првенство ќе игра против бразилски Флуминенс

Поврзани вести