Skip to main content
TqShSqz4-D0
Да не беше трагично, ќе беше смешно

И самиот стрелец збунет што топката влезе: Погледнете со каков гол Црвена звезда испадна од Лигата на шампионите

Со крајно чуден и несекојдневен гол и тоа во последната минута од регуларниот дел од натпреварот, екипата на Црвена звезда одигра 1:1 на гости кај кипарски Пафос, со што белградските „црвено-бели“ не успеаја да се пласираат во групната фаза на Лигата на шампионите.

Откако Црвена звезда, преку Мирко Иваниќ, во 60 минута дојде до водство, решавачкиот гол дојде по една навидум не многу опасна ситуација. Пепе изведе слободен удар од десната страна, упати полуниска топка кон шеснаесетникот, каде што Бразилецот Жажа, ја префрли кон другата страна, по што топката во парабола заврши зад грбот на голманот на Црвена звезда, Матеус.

Останува дилемата дали со таквиот потег, играчот на Пафос шутираше или едноставно сакаше да ја продолжи топката до некој од неговите соиграчи на петерецот. Целата ситуација беше толку неочекувана, што дури и стрелецот на голот во прв момент делуваше збунет од тоа што неговиот потег заврши со топката во мрежата на српскиот шампион.

Поврзани вести