
Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, го коментираше поразот на тимот од Ал-Итихад со 2:1 синоќа на домашен терен во осминафиналето на Кралскиот куп на Саудиска Арабија.
– Остануваме на својот став, учиме и продолжуваме напред заедно, напиша Роналдо на социјалните мрежи.
Четириесетгодишниот Португалец го започна натпреварот и имаше еден удар кон голот.
Головите за Ал-Итихад ги постигна Карим Бензема во 15. и Хусем Ауар во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме.
За домаќините погоди Анџело во 30. минута

Македонски








