
Новоименуваниот тренер на Јувентус, Игор Тудор, има намера да ја промени тактиката на гигантот од Торино со цел да се подобрат резултатите.
Хрватскиот стратег ја презеде функцијата од Тиаго Мота, кој доби отказ во неделата по двата последователни порази на Јувентус.
На својата прва прес – конференција во новата улога, 46-годишниот Тудор најави денеска дека Јувентус ќе игра со нова тактика веќе на претстојниот првенствен дуел против Џенова, в сабота.
„Ќе смениме многу работи со играчите и тоа може да го забави нашиот развој. Сепак, во Јувентус очекуваат победи, затоа мора брзо да растеме. Потребна ни е работа за да дојдеме до резултати. Ќе има и тактички промени на кои немаме многу време да се навикнеме“, изјави Тудор.