
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман стана рекордер во шпанската Ла Лига по натпревари одиграни на странски играчи.
Атлетико денес одигра нерешено на гости кај Еспањол (1:1) во 29. коло. Триесет и четиригодишниот Французин беше во стартниот состав и го одигра целиот натпревар.
Овој натпревар беше 521-ви за Гризман во шпанското првенство. Го сруши рекордот на Лионел Меси, Аргентинецот застана на 520 меча.
Гризман се врати во Атлетико од Барселона летото 2021 година. Пред тоа, тој играше за мадридскиот тим од 2014 до 2019 година. На почетокот на кариерата, напаѓачот играше за Реал Сосиедад.