Skip to main content

Фудбалерите на Реал сакале да го напуштат теренот откако на Винисиус му рекле дека е мајмун

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, се осврна на скандалот со Винисиус Жуниор по победата од 1:0 над Бенфика синоќа во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите.

– Сите знаат дека на крајот на краиштата, никогаш нема да ги знаеме деталите. Ние во Реал Мадрид сите го поддржуваме Вини. Тој ни кажа што се случило, а човекот од Бенфика рече дека не е вистина. На почетокот сакавме да го напуштиме теренот. Сите заедно разговаравме за тоа. Вини рече дека треба да почнеме одново за да имаме шанса да го добиеме овој натпревар, и токму тоа го направивме. На крајот, оваа победа беше заслужена, изјави за „SoFoot“ Чуамени.

Натпреварот беше прекинат откако Винисиус постигна гол во 50. минута поради наводни расистички навреди упатени кон Бразилецот. Според играчот, покрај навивачите, тој бил навреден и од португалскиот крилен играч Џанлука Престијани, кој пак тврди дека не употребил расистички навреди.

Реваншот ќе се одржи во Мадрид на 25 февруари.

Поврзани вести