Skip to main content

Фудбалерите на Лудогорец шокирани од поразот во Скопје

Стрелецот на голот за бугарскиот првак Лудогорец. Дерој Дуарте, оцени дека фудбалерите на Шкендија заслужено дојдоа синоќа до победа од 2-1 во Скопје во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лига Европа.
Лудогорец дојде во водство во 17 минута со голот на Дуарте, но Шкендија со пресврт извојува победа со головите на Латифи (35 минута) и Ибрами (60).


Не притиснавме толку колку што требаше по првиот гол. Шкендија реализираше многу контранапади, што им даде самодоверба. Не го потценивме противникот. Се надевам дека не беше така. Едноставно не бевме доволно добри. Можеме да најдеме многу изговори, но Шкендија беше поенергична екипа“, изјави Дуарте по натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“.

Balisti


Реваншот е за една недела во Разград, а победникот од пресметката меѓу Шкендија и Лудогорец ќе обезбеди пласман во групната фаза во Лига Европа, додека поразениот ќе продолжи во Конференциската лига.
Сакаме да бидеме поагресивни, да демонстрираме повеќе квалитет и, со поддршка од навивачите, да продолжиме напред“,
рече Дуарте

Поврзани вести