Skip to main content

Де Брујне ќе биде големо засилување за Наполи

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, зборуваше за улогата на играчот од средниот ред Кевин Де Брујне во тактиката на тимот.

– Како Де Брујне ќе се вклопи во тактиката? Судејќи според начинот на кој играше во Сити, тој е играч од средниот ред кој може да биде офанзивно поставен. Има посебни, извонредни квалитети, а кога ја има топката, гледа работи што многу други не ги гледаат, изјави Конте за „Скај Спорт Италија“.

Триесет и тригодишниот фудбалер се приклучи на италијанскиот клуб како слободен на трансфер пазарот по десет години поминати во Манчестер сити. 

Белгиецот одигра 422 натпревари за Сити, постигнувајќи 108 гола и 177 асистенции

Поврзани вести