
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ги сподели своите очекувања за четвртфиналето од плејофот во Лигата на шампионите против Астон вила.
– Не постои нешто како фаворит во оваа фаза на ЛШ. Сите учесници во четвртфиналето заслужија да играат во овој сегмент. Мораме да го направиме она што треба да го направиме за да дојдеме до победата. Унаи Емери е врвен тренер. Астон вила е одличен тим. Таа многу се подобри во последните две години благодарение на Емери. Тешко е да се предвиди кој состав ќе го извади против нас. Не очекуваат тешки битки во оваа пресметка, изјави Енрике.
Натпреварот ПСЖ против Астон вила ќе се игра вечер во Париз со почеток во 21 часот.