Skip to main content

Аугсбург му го нанесе првиот пораз на Баерн Минхен

Фудбалерите на Аугсбург направија сензација во 19 коло од германската Бундеслига, совладувајќи го Баерн Минхен со 2-1 на „Алијанц Арена“ во Минхен, откако Баварците водеа до 75. минута.

Баерн поведе во 23. минута со голот на Јапонецот Хироки Ито и се чинеше дека сигурно оди кон својата 17. победа оваа сезона во Бундеслигата.

Сепак, Аугсбург не се предаде и за тоа беше награден во последните 15 минути од натпреварот. Артур Чавес израмни во 75. минута, а Хан Масенго во 81. минута донесе голема победа на Аугсбург, кој му го нанесе првиот првенствен пораз на Баерн оваа сезона.

Баварците сè уште имаат голема предност, дури 11 бодови повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд, но и натпревар повеќе.

Поврзани вести